user preferences

Организациона платформа

category international | anarchist movement | policy statement author Tuesday July 29, 2008 18:22author by ГРАС - Група на Руски анархисти во странство Report this post to the editors
Macedonian translation of the "Organizational Platform of the General Union of Anarchists" by the Group of Russian Anarchists Abroad, first published in 1926.


ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СОЈУЗ НА АНАРХИСТИ

Група на Руски анархисти во странство

("Дело Труда" група) - 1926

(Махно, Мет, Аршинов, Валевски, Лински)

ВОВЕД


Анархисти!

И покрај силата и несомнениот позитивен карактер на анархистичките идеји, и покрај јасноста и комплетноста на анархистичките позиции во однос на општествената револуција, и покрај хероизмот и небројните жртви на анархистите во борбата за анархистичкиот комунизам, тоа кажува многу дека и покрај сето тоа, анархистичкото движење отсекогаш останало слабо и најчесто се поврзувало со историјата на борбите на работничката класа, не како одлучувачки фактор, туку како феномен на реса.

Овој контраст помеѓу позитивната супстанца, неоспорливата валидност на анархистичките идеји, и мизерната состојба на анархистичкото движење, може да се објасни од бројни фактори, главниот е отсуството на анархистичкиот свет на организациони принципи и организациони релации.

Во секоја земја анархистичкото движење е претставувано од локални организации со контрадикторни теории и тактики без планирање однапред или без континуитет на нивната работа. Тие вообичаено се пресвиткуваат по одредено време, оставајќи мала или никаква трага.

Таквата состојба во револуционерниот анархизам, ако го земеме како целина, може да се опише како хронична генерална неорганизираност. Оваа болест на неорганизираност го освои организмот на анархистичкото движење како жолта треска и го држеше заразено со декади.

Сепак, без сомнение е дека оваа неорганизација има свои корени во одреден број на дефекти во теорија, забележително во извитоперената интерпретација на принципот на индивидуалност во анархизмот, тој принцип е премногу често згрешен со отсуството на било каква пресметливост. Оние вљубеници во само-изразувањето со око на личното задоволство се прилепуваат тврдоглаво за хаотичниот услов на анархистичкото движење и во одбрана се повикуваат на неменливите принципи на анархизмот и неговите учители.

Сепак, неменливите принципи и учители го покажуваат токму спротивното.

Дисперзијата спелува уништување; кохезијата гарантира живот и развој. Овој закон на општествената борба е еднакво применлив на класите и партиите.

Анархизмот не е убава фантазија, не е апстрактен поим на филозофијата, туку општествено движење на работничките маси; само поради таа причина мора да ги собере своите сили во една организација, константно агитирајќи, според потребите кои ги наложува реалноста и стратегијата за општествена класна борба.

Како што кажал Кропоткин: "Ние сме убедени дека формирањето на анархистичка партија во Русија, е далеку од предрасуди во генералниот стремеж , туку е пожелно и корисно во највисокиот степен." (Предговор за Париската Комуна од Бакунин, [руско издание], 1892)

Ниту пак Бакунин некогаш се спротивставувал на идејата за генерална анархистичка организација. Напротив, неговите аспирации во однос на организацијата, како и неговите активности во првата работничка Интернационала, ни го даваат секое право за да гледаме на него како активен адвокат на токму таков модел на организација.

Општо гледано, речиси сите активни милитанти на анархизмот беа против дисипацираната акција и сонуваа за анархистичко движење обединето под заедничка цел и заеднички тактики.

За време на руската револуција од 1917, потребата за генерална организација беше почувствувана најакутно, откако за време на револуцијата анархистичкото движење покажа најголем степен на фрагментација и конфузија. Отсуството на генерална организација предизвика многу анархистички милитанти да се одлеат во редовите на болшевиците. Тоа е исто и причината зошто многу други милитанти се најдоа денес во состојба на пасивност што оневозможува било каква корисност од нивните често огромни капацитети.

Ние имаме витална потреба од организација која со привлекувањето на поголемиот дел од учесниците во анархистичкото движење, би воспоставила заедничка тактичка и политичка линија за анархизмот и оттаму би служела како водич за целото движење.

Време е анархизмот да се издигне над мочуриштето на неорганизираноста, да се стави крај на бескрајните неодлучности за најважните прашања од теоријата и тактиките, и одлучно да се оди кон јасно разбраната цел и организираната колективна пракса.

Не е доволно сепак, само да се тврди виталната потреба од таква организација. Исто така потребно е и да се воспостават средства за креирање.

Ние ја одбиваме како теоретски така и практично неоснована, идејата за креирање на организација користејќи го принципот на "синтеза", што ќе рече, зближувајќи ги подржувачите на различните гранки на анархизмот. Таква организација што ќе опфати pot-pourri од елементи (во услови на нивна теорија и пракса) би била ништо повеќе од механички збир на личности со различни погледи на сите прашања што го тангираат анархистичкото движење, и неизбежно би се растурила соочувајќи се со реалноста.

Анархо-синдикалистичкиот пристап не ги решава организационите тешкотии на анархизмот, бидејќи анархо-синдикализмот потфрлува да даде приоритет на тоа прашање и е најзаинтересиран во идејата на пенетрирање и правење на исчекор во светот на трудот. Дури и со потпирка таму, нема многу да се постигне во светот на трудот ако немаме генерална анархистичка организација.

Единствениот пристап кој може да доведе до решение на на генералниот организационен проблем е, како што може да видиме, во регрутирањето на активните милитанти на анархизмот врз основа на одредени теоретски, тактички и организациони позиции, што ќе рече врз основа на помалку или повеќе совршена хомогена програма.

Зацртувањето на таква програма е една од примарните задачи кои општествената борба од минатите декади ги бара од анархистите. И во оваа задача Групата на руски анархисти од странство посвети значаен дел од своите напори.

"Организационата платформа" објавена подолу претставува скица, скелет на таква програма и мора да служи како прв чекор кон собирањето на анархистичките сили во единствен актив, револуционерен анахистички колектив способен за борба: Генералниот сојуз на анархисти.

Ние немаме илузии за различните недостатоци во платформата. Како во секоја нова, практична и истовремено критичка отстапка, несомнено постојат дупки во платформата. Можно е и одредени клучни позиции да биле изоставени од платформата, или пак тие одредени не биле адекватно развиени, или пак други биле премногу детализирани или повторливи. Сево ова е можно, но тоа не е поентата. Тоа што е важно е дека основата за генерална организација е поставена, и таа цел е постигната до потребниот степен на оваа платформа. Задача е на генералниот колектив - Генералниот анархистички сојуз - да ја елаборира и да ја подобри платформата на тој начин што ќе ја претвори во комплетна програма за целиот анархистички свет.

Ние исто така немаме илузии на друга сметка.

Ние очекуваме дека многу претставници на таканаречениот индивидуализам или "хаотичен" анархизам ќе не нападнат, со пена во устата ќе не обвинуваат за заобиколувањето на анархистичките принципи. Сепак ние знаеме дека овие индивидуалистички и хаотични елементи ги земаат "анархистичките принципи" со значење на коњанички став, безредие и неодговорност, што ќе наметне само неизлечиви повреди над нашето движење и над она за што се бориме со целата наша енергија и страст. Ете затоа можеме да парираме смирено на било какви напади од таа страна.

Нашите надежи се ополномоштени во другите - во оние кои останале вистинити на анархизмот, на работниците, кои ја надживеаја трагедијата на анархистичкото движење и кои со болка бараат излез.

Имаме и високи надежи во анархистичката младина, оние млади другари/ки родени на ветриштата на руската револуција и апсорбирани од зачетокот на низата од конструктивни проблеми, кои несомнено ќе инсистираат на имплементација на позитивни организациони принципи во анархизмот.

Ги покануваме сите руски анархистички организации, расштркани низ многуте земји во светот, како и индивидуалните анархистички милитанти, да се соединат во единствен револуционерен колектив, врз основа на генерална организациона платформа.

Нека оваа платформа биде револуционерна лозинка и собирна точка за сите милитанти на руското анархистичко движење и нека го одбележи раѓањето на Генералниот сојуз на анархистите!

Да живее организираното анархистичко движење!
Да живее Генералниот анархистички сојуз!
Да живее општествената револуција на работниците на светот!


Група на руски анархисти од странство

Петар Аршинов, секретар на групата
20 јуни 1926

Related Link: http://www.nestormakhno.info
author by ГРACpublication date Tue Jul 29, 2008 18:39author address author phone Report this post to the editors

ГЕНЕРАЛЕН ДЕЛ

I. Класна борба, улога и значење

"Не постои ЕДНО човештво.
Постои човештво направено од класи:
робови и господари
"

Како и сите претходни општества, современото буржоаско капиталистичко општество не е обединето. Тоа е поделено во два различни кампуси, остро разликувајќи се помеѓу нината општествена позиција и општествена функција: пролетаријатот (во најшироката смисла на зборот) и буржоазијата.

Големиот дел од пролетаријатот со векови го носи товарот на тешкиот физички труд, чии плодови не се распределуваат во него, туку во друга привилегирана класа што ужива во сопственоста, авторитетот и продуктите на духовната култура (наука, образование, уметност) - буржоазијата.

Општественото поробување и експлоатацијата на работничките маси ја формираат основата на која стои модерното општество и без која не може да постои.

Овој факт бил поттик за со векови долгата класна борба, понекогаш во отворена, бурна форма, понекогаш во недетектирана и бавна, но секогаш фундаментално насочена кон трансформација на постоечкото општество во општество што ќе ги задоволи потребите на работниците, нивните побарувања и нивната концепција за правда.

Во општествени параметри, целата човечка историја претставува континуиран синџир од борби на работничките маси во потрага по нивните права, слобода и подобар живот. Во сето тоа време од историја на човечки општества, оваа класна борба била принципиелниот фактор кој ја одредувал формата и структурата на тие општества.

Општествено-политичкиот систем на било која земја е првенствено продуктот на класната борба. Структурата на било кое општество е индикација за фазата на класната борба што е достигната. Најмалата промена во плимата на класната борба и во релативните сили на антагонистичките класи веднаш произведува промена во материјалот и структурата на класното општество.

Ова е генералното, универзално значење на класната борба во животот на класните општества.

II. Потребата од насилна општествена револуција

Принципот на поробување и експлоатирање на масите преку сила лежи во коренот на модерното општество. Сите области на општеството - економија, политика, општествени релации - се потпираат врз класното насилство, чии официјални органи се државните тела, полицијата, војската и судовите. Се во ова општество, почнувајќи од секоја индивидуална фабрика до целосниот политички систем на државата, не е ништо друго освен тврдина на капитал, каде работниците секогаш се набљудувани, каде специјалните сили се секогаш на штрек за уништување на било какво работничко движење што може да биде закана на основите на денешното општество или пак да го наруши мирот на истото.

Во истовреме, структурата на денешното општество автоматски ги држи работничките маси во состојба на неписменост и ментална стагнација: со сила го спречува нивното образование и просветлување така што би било полесно да се контролираат.

Напредокот на денешното општество - технолошкиот развој на капиталот и усовршувањето на политичкиот систем - ја засилува моќта на владеачките класи и ја прави борбата против нив потешка, а со тоа се одложува круцијалниот момент кога трудот ќе ја достигне својата еманципација.

Анализите на современото општество покажуваат дека не постои поинаков начин за постигување на трансформација од капиталистичко општество во општество на слободните работници освен преку насилна општествена револуција.

III. Анархизам и Анархистички комунизам

Класната борба, родена во насилство од многу старата желба за слобода на работничките луѓе, даде поттик помеѓу угнетените за идејата на анархизмот - идеја на комплетна негација на општествениот систем базиран на класите и на државата, и негова замена со слободно, бездржавно општество на само-владеаните работници.

Анархизмот се разви, не од апстрактните рефлексии на некој научник или филозоф, туку од директната борба на работничките луѓе против капиталот, од нивните потреби и побарувања, од нивната психологија, од нивната желба за слобода и еднаквост, аспирации што станаа особено живи во најхеројските фази на животот и борбата на работничките маси.

Истакнатите мислители на анархизмот - Бакунин, Кропоткин, и други - не ја измислија идејата на анархизмот, туку тие ја открија помеѓу масите, тие помогнаа да се развие и да се пропагира преку моќта на нивната мисла и знаење.

Анархизмот не е продукт на индивидуална креација, ниту пак објект од индивидуални експерименти.

Исто така, анархизмот не е ни продукт на генералните човечки апсирации. Не постои "едно" човештво. Секој обид да се направи анархизмот атрибут на целото човештво, како што претставително стои, или да се кредитира со генерален човечки карактер, би било историска и општествена лага што неизбежно би резултирала со оправдувањето на денешниот поредок и свежата експлоатација.

Анархизмот е широко хуманитарен само во онаа смисла каде идеалите на работничките маси би ги подобриле животитте на сите луѓе, и дека судбината на човештвото денес или утре е врзана со судбината на поробениот труд. Доколку работничките маси се покажат победоносни, целото човештво би се преродило. Ако пак потфрлат, тогаш насилство, експлоатација, ропство и угнетување ќе преовладеат во светот како порано.

Зачетокот, одвиткувањето и реализацијата на анархистичките идеали се вкоренети во животот и борбата на работничките маси и се нераскинливо врзани со општата судбина на истите.

Анархизмот цели да го претвори денешното буржоаско капиталистичко општествово општество што ќе ги гарантира плодовите на трудот, слободата, независнота, општествената и политичка еднаквост на работничките луѓе. Ова општество е анархистички комунизам. Во анархистичкиот комунизам ќе биде најизразена не само општествената солидарност, туку и идејата за слободна индивидуалност, и овие два поими ќе се развиваат заедно одблиску во совршена хармонија.

Анархистичкиот комунизам верува дека единствениот креатор на сите општествени средства е трудот - физичкиот и интелектуалниот - и како резултат, само трудот го има правото на управување со целиот економски и јавен живот. Ете затоа анархистичкиот комунизам не го оправдува или подржува постоењето на не-работнички класи.

Доколку овие класи би опстанале и би коегзистирале со анархистичкиот комунизам, тогаш анархистичкиот комунизам нема да презема одговорност према нив. Само кога не-работничките класи ќе станат продуктивни и ќе сакаат да живеат во општествениот систем на анархистичкиот комунизам со иста нога како и другите што ќе окупираат позиција, т.е. позицијата на слободни членови на општество еднакво за сите, уживајќи во истите права на тоа општество и имајќи ги истите генерални одговорности.

Анархистичкиот комунизам бара искоренување на сета експлоатација и насилство, без разлика дали се однесува на индивидуа или пак работнички маси. На тој крај се креира економска и општествена основа што ќе го фузира економскиот и општествениот живот на земјата во хармониско единство и ќе ја гарантира сечија индивидуална еднаквост и ќе овозможи максимално добро за сите. Оваа основа е заеднички посед во формата на социјализација на сите средства и инструменти на производство (индустрија, транспорт, земја, сурови материјали, итн.) и конструкцијата на националните економски агенции врз база на еднаквост и само-управување на работничките класи.

Во параметрите на само-управувачкото работничко општество, анархистичкиот комунизам го поставува принципот на еднаква вредност и еднакви права на секоја индивидуа(не на "апстрактна" индивидуалност, или "мистична" индивидуалност, или пак концептот на "индивидуалност како идеја").

Од овој принцип на еднаква вредност и еднакви права на секоја индивидуа, исто така и фактот дека вредноста на трудот обезбеден од секоја индивидуална личност не може да се мери или оцени, следат подвлечените економски, општествени и судски принципи на Анархистичкиот комунизам: "Од секому според способностите, до секому според потребите".

IV. Негација на демократијата

Демократијата е една од формите на буржоаското капиталистичко општество.

Основата на демократијата е во задржувањето на двете антагонистички класи на современото општество - трудот и капиталот - и нивната соработка врз основа на капиталистичката приватна сопственост.

Парламентот и националната претставителна власт се изрази на оваа соработка.

Формално, демократијата прокламира слобода на говор, на печат, на здружување, како и универзала еднаквост пред законот.

Во реалноста, сите слободи се од релативна природа: тие се толерирани се додека не се спротивставуваат на интересите на владеачката класа, т.е. буржоазијата.

Демократијата го остава нечепнат принципот на капиталистичката приватна сопственост. Со тоа, го зачувува правото на буржоазијата да ја контролира целосната економија на земјата, како и на печатот, образованието, науката и уметностите, кои во пракса ја прават буржоазијата апсолутен господар на земјата. Додека ужива во монополот во сферата на економските работи на земјата, буржоазијата е слободна да воспостави нејзин комплетен и неограничен авторитет исто така и во политичката сфера. Навистина, парламентот и репрезентативната власт се само извршни органи на буржоазијата во демократиите.

Како резултат, демократијата е само една варијанта на буржоаско диктаторство, нејзините фиктивни политички слободи и демократски гаранции се само завеса од чад дизајнирана за задскривање на нејзиниот вистински идентитет.

author by ГРACpublication date Tue Jul 29, 2008 18:41author address author phone Report this post to the editors

V. Негација на државата и авторитет

Буржоаските идеологии ја дефинираат државата како орган што ги регулира комплексните социо-политички, цивилни и општествени релации на луѓето во современото општество, заштитувајќи го законот и редот на ова општество. Анархистите се во целосна согласност со таа дефиниција, но додаваат дека законот и редот врз кои е основано ова општество го кријат поробувањето на широкото мнозинство на луѓе од страна на незначајно малцинство, и дека модерната држава служи да го одржи ова поробување.

Државата е, и организираното насилство на буржоазијата над работниците, и системот на нејзините извршни органи.

Левите социјалисти и особено болшевиците истотака гледаат на буржоаската моќ и на буржоаската држава како алатки на капиталот. Но тие веруваат дека, во рацете на социјалистичките партии, државната моќ може да стане силно оружје во борбата за еманципацијата на пролетаријатот. Тие се за социјалистичка моќ и пролетерска држава. Некои од нив (социјал-демократите) се надеваат на постигнување на позиција на авторитет со мирни, парламентарни средства, додека другите (комунистите, лево општествените револуционери) се надеваат да ја зграбат моќта со револуционерни средства.

Анархизмот смета дека овие две позиции се фундаментално погрешни и штетни за еманципацијата на трудот.

Државната моќ секогаш оди рака под рака со експлоатацијата и поробувањето на масите. Се воздигнува од таа експлоатација, или се креира за неа. Државната моќ без насилство и експлоатација ја губи секоја смисла за постоење.

Државата и авторитетот ги ограбуваат масите од нивните иницијативи и го убиваат духот од независна активност, негувајќи го ропскиот менталитет на покорување, очекувања и верувања во владетелите и шефовите. Оттука, еманципацијата на работниците е само можна преку процесот на директна револуционерна борба од страна на работничките маси и нивните класни организации против капиталистичкиот систем.

Освојувањето на моќ од страна на социјал-демократските партии преку парламентарни методи во рамките на сегашниот систем, нема да ја унапреди еманципацијата на трудот ни најмалку, од едноставна причина што вистинската моќ, а со тоа и вистинскиот авторитет, ќе остане во буржоазијата, која има целосна контрола врз економијата и политиката на земјата. Улогата на социјалистичките авторитети во тој случај ќе биде принудена на реформи, подобрувајќи го истиот буржоаски систем (види го примерот на MacDonald социјал-демократските партии на Германија, Шведска и Белгија кои ја одржаа државната моќ под капиталистички систем).

Ниту освојувањето на моќ по пат на општествена револуција, ниту организацијата на таканаречената пролетерска држава, можат да ја унапредат каузата за првенствената еманципација на трудот. Државата, под претпоставка креирана за да ја брани револуцијата, неибежно акумулира сопствени специфични потреби и станува крај за самата себе, мрестејќи привилегирани општествени касти над кои се потпира, и со сила ги потчинува масите до сопствените потреби како и потребите на привилегираните касти, со што ќе ги реставрира основите на капиталистичкиот авторитет и капиталистичката држава: поробување и екплоатација на масите со насилство (пример е "работничката и селанската држава" на болшевиците).

VI. Масите и анархистите: улогата на секого во општествената борба и општествената револуција

Главните сили на општествената револуција се во урбаната работничка класа, селанството, делумно и во работничката интелигенција.

НБ: Исто како и урбаниот и селанскиот пролетаријат, угнетена и експлоатирана класа, работничката интелигенција е составена од повеќе слоеви, за разлика од работниците и селаните, благодарение на економските привилегии со кои буржоазијата ги наградува своите одредени членови. Ете затоа, во раните денови на општествената револуција, само помалку богатиот слој од интелигенцијата ќе земе активно учество во револуцијата.

Улогата на масите во општествената револуција и во конструирањето на социјализмот е забележливо различна од предвидените државнички партии. Додека болшевизмот и неговите роднински струи ја заземаат линијата дека работничките маси поседуваат само деструктивни револуционерни инстинкти, и дека се неспособни за креативна и конструктивна револуционерна активност - што е нивната главна причина зошто власта треба се стави во рацете на луѓето кои ја креираат владата или партискиот централен комитет - анархистите сметаат пак дека работничките маси носат во себе голем, креативен и конструктивен потенцијал, и тие тежнеат да ги тргнат настрана пречките што го спречуваат ова манифестирање.

Анархистите всушност гледаат на државата како главна пречка, бидејќи ги узурпира сите права на масите и ги симнува од нивните функции во општествениот и економскиот живот. Државата мора да исчезне, но не да биде тоа еден убав ден во општество од иднината. Таа мора да се уништи од работниците на денот на нивната победа и не смее да се реставрира во било каков облик. На нејзино место ќе биде систем од само-управувачки работнички организации на производители и конзумирачи, обединети на федеративна база. Овој систем ги отфрла организацијата на државната моќ и на диктатура на било каква партија.

Руската револуција од 1917 дава пример за овој пристап со процесот на општествена еманципација преку создавањето на систем од работнички и селански совети и работни комитети. Тажната грешка беше во неликвидирањето на државната организација во раната фаза - прво авторитетот на провизионалната власт, а потоа и на болшевиците. Вторите, експлоатирајќи ја довербата на работниците и селаните, реорганизирајќи ја буржоаската држава според околностите и во тоа време, со помошта на државата ја уби креативната активност на револуционерните маси со давење на слободниот систем на советите и работните комитети што ги претставуваа првите чекори кон креирање на бездржавно општество.

Активноста на анархистите е поделена во две фази: предреволуционерниот период и револуционерниот период. Во двата случаи, анархистите можат да ја извршат соствената улога како организирана сила ако тие имаат јасно разбирање на целите на нивната борба и на методите за нивните достигнувања.

Во предреволуционерниот период, основната задача на Генералниот анархистички сојуз е да ги подготви работниците и селаните за општествената револуција.

Со одбивање на формалната (буржоаска) демократија и државниот авторитет и со прокламирање на целосната еманципација на трудот, анархизмот го сместува најважниот акцент на ригорозните принципи на класна борба, будејќи и негувајќи ја револуционерната класна свест и револуционерната класна непопустливост на масите.

Анархистичката едукација на масите мора да се спроведе во духот на класната напопустливост, анти-демократизам, анти-државност, и во духот на идеалите на анархистичкиот комунизам, но само едукацијата не е доволна. Степен на анархистичка организација на масите е исто така потребен. Ако ова треба да се постигне, ние треба да работиме на две линии: на едната страна, селекција и групирање на револуционерни работнички и селански сили врз основа на анархистичка теорија(експлицитно анархистички организации), и од друга страна, нивото на групирање на револуционерни работници и селани врз основа на производство и конзумирање (револуционерни работнички и селански производствени организации и слободни работнички и селански кооперативи, итн.).

Работничките и селанските класи, организирани на база на производство и конзумирање и исполнети со идеологијата на револуционерниот анархизам, би биле првенствени помеѓу силните точки на општествената револуција, и со поголемото запознавање на анархистичка свест и анархистичка организација, толку повеќе ќе се демонстрира анархистичката цел, анархистичката цврстина и анархистичката креативност во часот на револуцијата.

Што се однесува на работничката класа на Русија, после осум години на болшевичко диктаторство, што го заузда природниот апетит на масите за независна активност, и заблескувачки ја демострираше вистинската природа на сиот авторитет, јасно е дека класата во себе сокрива енормен потенцијал за формирање на масовно анархистичко и анархо-синдикалистичко движење. Организираните анархистички милитанти мора веднаш и со сите расположливи ресурси да го култивираат тој апетит и потенцијал, пред да се дозволи во дегенерирање во меншевизам.

Анархистите затоа мораат, без одложување да го насочат сиот свој труд во организирањето на сиромашното селанство, кое е угнетено од авторитетите, но ја бара сопствеата еманципација, и собира енормен револуционерен потенцијал.

Анархистичката улога во револуционерниот период не може да се затвори на проповедање на анархистички слогани и идеји.

Животот може да биде виден како арена не само за проповедање на оваа или онаа идеја, туку и како арена за борба, каде силите тежнеат кон влијаење на општествениот маневар за добивање на идеолошки подобра позиција. Повеќе од било која друг видик, анархизмот мора да стане водечка идеја во општествената револуција, бидејќи само благодарение на анархистичките идеји општествената револуција ќе ја постигне комплетната еманципација на трудот.

Водечката позиција на анархистичките идеји во револуцијата имплицира, во исто време, дека анархистите и анархистичката теорија играат влијателна улога во текот на настаните. Сепак, ова влијаније не смее да биде забуна за политичко лидерство на државнички партии, кои само кулминираат во државната моќ.

Анархизмот не цели да ја заземе политичката моќ, да создаде диктаторство. Главната аспирација на анархизмот е да асистира на масите при избирањето на уникатен пат до општествена револуција и општествена конструкција. Но, не е доволно само за масите да натоварат кон патот на општествената револуција. Мора да се осигура дека револуцијата се држи до својот пат и до својата цел - отфрлање на капиталистичкото општество во име на општеството на слободните работници. Како искуство од руската револуција од 1917, не постои лесна задача, главно на сметка на многуте партии кои се обидуваа да го насочуваат движењето во спротивната насока од онаа на општествената револуција.

Иако масите на општествените пресврти се поттикнати длабоко од анархистички тенденции и слогани, тие не се координирани на било кој начин, и како резултат тие ја немаат кохерентноста и апелот за да станат водечки идеји, што е суштинско доколку општествената револуција сака да ги задржи анархистичката ориентација и цели. Оваа движечка сила на идеји може само да најде израз во специфичен колектив воспоставен од масите за таа изразна цел. Организираните анархистички елементи и организираното анархистичко движење ќе го конституираат тој колектив.

За време на револуцијата, тој колектив, т.е. Генералниот сојуз на анархисти, ќе сноси големи теоретски и практични одговорности.

author by ГРACpublication date Tue Jul 29, 2008 18:54author address author phone Report this post to the editors

Ќе треба да покаже иницијатива и да демонстрира комплетна посветеност на секој аспект во општествената револуција, насочувајќи ја ориентацијата и карактерот на револуцијата, граѓанската војна и одбраната на револуцијата, позитивните задачи на револуцијата, новиот систем на производство, конзумирање, аграрното прашање, итн.

За сите овие и многу други прашања, масите ќе бараат јасни и прецини одговори од анархистите. И откако анархистите ќе го донесат концептот на анархистичка револуција и на анархистичка структура на општеството во јавноста, тие ќе мораат да презентираат прецизен одговор за секое такво прашање, да ги поврзат со решенијата на тие проблеми со генералниот концепт на анархизмот и да ги сместат сите ресурси за нивна ефективна реализација.

Само така генералниот сојуз на анархисти и анархистичкото движење можат успешно да ја одиграат сопствената улога како водечка сила на идеји во општествената револуција.

VII. Транзициниот период

Социјалистичките политички партии го користат терминот "транзиционен период" што се однесува за одредена фаза од животот на луѓето, суштинските карактеристики кои се одделуваат од стариот ред и се вовед на новиот економски и политички систем, кој сеуште не е спроведен, целосната еманципација на сите работници.

Од овој аспект сите минимални програми на социјалистичките политички партии, на пример демократската програма на опуртинистичките социјалисти, или комунистичката програма на "диктатурата на пролетаријатот", се програми за транзициониот период.

Суштинската карактеристика на овие минимални програми е дека тие се однесуваат на комплетната реализација на работничките идеали - нивната независност, слободата и еднаквоста - идеали кои не можат да се реализираат на краткорочен период, и како резултат тие задржуваат цели серии на иснституции од капиталистичкиот систем: принципот на државна принуда, приватната сопственост на средствата и инструментите за производство, ропството на исплата, и многу други во однос на целите на секоја програма на политичките партии.

Анархистите секогаш биле принципиелни противници на такви програми, земајќи го ставот дека конструкцијата на транзициони системи ги задржува принципите на експлоатација и принуда над масите што неизбежно води назад кон ропство.

Наместо политички минимални програми, анархистите настојуваат на општествена револуција која би ја симнала капиталистичката класа од политичките и економските привилегии, и би ги сместиле средствата и инструментите на производство, и сите други функции на општествениот и економски живот, во рацете на работниците.

И таа позиција на анархистите стои цврсто и до ден денес.

Идејата за транзициониот период, во кој општествената револуција треба да кулминира не во анархистичко општество, туку во некоја друга форма на систем што ќе ги задржи елементите и реликвиите на стариот капиталистички систем, во суштина е анти-анархистичка. Таа во себе ја содржи заканата од поткрепување и развивање на овие елементи во нивните претходни пропорции, а со тоа насочувајќи ги настаните во спротивната насока.

Еден јасен пример за ова е режимот "диктатура на пролетаријатот" воспоставен од болшевиците во Русија, што според нив претставуваше транзициона фаза во маршот кон комплетен комунизам, но кој всушност резултираше со реставрација на класното општество, на чие дно, како и порано, ги наоѓаме индустриските работници и најсиромашните селани.

Главниот фокус во конструкцијата на анархистичкото општество не се состои од гарантирањето на секоја индивидуа, веднаш од денот на револуцијата, неограничена слобода за барање на задоволување на нејзините потреби, туку во освојувањето на општествените основи на тоа општество и во воспоставувањето на принципите на релации меѓу луѓето. Прашањето на поголема или помала исполнета целина на ресурси не е принципиелно, туку е од техничка природа.

Потенцираниот принцип подолу, над кој ќе биде изградено новото општество, правилото над кое ќе се потпира, така да се каже, и кое не смее да биде ограничено ни на најмал степен е еднаквоста на релации, слободата и независноста на работниците. Овој принцип ја енкапсулира примарната потреба на масите, во чие име тие ќе станат во општествената револуција.

Или општествената револуција ќе заврши со пораз на работниците, во чиј случај треба се да се започне одново за подготовки на друга борба, свежа офанзива притив капиталистичкиот систем; или тоа ќе биде победа на работниците, во чиј случај ги заробиле потребните средства за одбрана на самите себе - земјата, производството и општествените функции - тие ќе сетираат градење на слобоно општество.

Тој момент ќе биде почетокот на конструкцијата на анархистичко општество, кое еднаш започнато, ќе се развива континуирано, собирајќи сила и константно ќе се подобрува.

Затоа, заземањето на производството и општествените функции ќе биде делбена линија помеѓу државните и не-државните ери.

Со цел да стане собирна точка на борбените маси и на револуционерната епоха, анархизмот не смее да ги крие сопствените основни принципи, ниту пак да ја акомодира својата програма за асимилација на отпад од стариот ред, опортунистичките тенденции на транзиционите системи и периоди; наместо тоа, мора да ги развива своите принципи и да ги рафинира што е можно повеќе.

VIII. Анархизам и синдикализам

Тенденцијата да се контрира на анархистичкиот комунизам со синдикализам и обратно, е тенденција што ние ја сметаме за тотално вештачка и лишување на сите основи и значења.

Идеите на комунизмот и синдикализмот окупираат две различни рамнини. Каде комунизмот, т.е. слободното општество на еднакви работници, е целта на анархистичката борба, синдикализмот, т.е. револуционерното движење на индустриските работници базирано на занаети, е една од формите на револуционерната класна борба.

Во обединувањето на индустриските работници врз база на производството, револуционерниот синдикализам, како и секое синдикално движење, нема одредена идеологија: нема светски поглед кој ќе ги опфати сите комплексни општествении политички прашања во сегашнава ситуација. Тоа секогаш ги рефлектира идеологиите на опсег од политички групирања, забележително од оние кои најмногу работат во нивните редови.

Нашиот став во поглед на револуционерниот синдикализам следи од тоа што е досега кажано. Без да сакаме да го решиме однапред прашањето на улогата на револуционерните синдикалистички организации веќе во вториот ден од револуцијата (т.е. дали тие ќе бидат организатори на новиот систем на производство во целост, или ќе ја остават таа улога на работничките совети или работните комитети?), нашиот став е дека анархистите мора да бидат вклучени во револуционерниот синдикализам како една од формите на работничкото револуционерно движење. Сепак прашањето сега не е дали анархистите треба или не треба да земат улога во револуционерниот синдикализам, туку како и кон која цел тие треба ја играат улогата.

Целиот период до денес, кога анархистите беа дел од револуционерното синдикалистичко движење како индивидуални работници или пропагатори, е период кога релациите со индустриското трудово движење беа аматерски.

Анархо-синдикализмот, кој се стреми цврсто да ги воспостави анархистичките идеји во левото крило на револуционерниот синдикализам преку создавањето на унии од анархистички тип, преставува чекор напред во овој поглед, но сеуште не е подобрен од аматерските методи. Ова е затоа што анархо-синдикализмот не се поврзува со "анархизирање" на синдикалистичкото движење со организација од анархистички сили надвор од тоа движење. Само кога би била воспоставена таква врска, тогаш е можно да се "анархизира" револуционерниот синдикализам за да се спречи било какво лизгање кон опортунизам.

Ние го сметаме револуционерниот синдикализам само како синдикално движење на работниците без одредени општествени и политички идеологии, а со тоа самото движење е неспособно самото по себе да ги реши општествените прашања; и како такво, нашето мислење е дека задачата на анархистите во редовите на тоа движење се состои во развивање на анархистички идеји во него и управувајќи го во анархистичка насока, така би се претворило во активна армија на општествената револуција. Важно е да се запомни дека ако синдикализмот не ја даде подршката на анархистичката теорија во догледно време, тогаш ќе биде приморан да се потпре на идеологијата на некоја државничка политичка партија.

Зачудувачки пример на ова е францускиот синдикализам, кој еднаш заблеска на сметка на своите анархистички слогани и анархистички тактитки, пред да падне под налетот на комунистите и, пред се десното крило на опртунистичките социјалисти.

Но, задачата на анархистите во редовите на револуционерното трудово движење може да се изведе само ако нивните напори се тесно поврзани и координирани со активноста на анархистичката организација надвор од синдикатот. Поинаку кажано, ние мора да влеземе во револуционерното трудово движење како организирана сила, одговорна пред генералната анархистичка организација за нашата работа внатре во синдикатите, и примајќи водство од таа организација.

Без да се ограничуваме себеси само на воспоставувањето на анархистички синдикати, ние мора да бараме да ги истакнуваме нашите теоретски влијанија на револуционерниот синдикализам како цело, во сите негови форми (Индустриските работници од светот, руските синдикати, итн.). Но, ние ќе го постигнеме ова со работа како ригирозно организиран анархистички колектив, и секако не како мали аматерски групи, без организациони линкови или без заедничка теоретска база.

Групите од анархисти на работните места, кои работат да креираат анархистички синдикати, кои прават кампањи во револуционерниот синдикализам за превласт на анархистичките идеји во синдикализамот и неговата тоеретска ориентација и самите водени во нивната активност од анархистичката организација на која припаѓаат - ове е значењето на врската помеѓу анархистите и револуционерниот синдикализам и се врзани помеѓу револуционерните синдикалистички движења (и формата која треба да ја заземат).

author by ГРACpublication date Tue Jul 29, 2008 19:00author address author phone Report this post to the editors

КОНСТРУКТИВЕН ДЕЛ

Проблемот на првиот ден од општествената револуцијата

Суштествената цел на трудовото движење и неговата борба е основата, преку револуција, на слободно, егалитарно анахо-комунистичко општество базирано на принципот: "Од секому според способностите, до секому според потребите".

Сепак, такво општество во неговата комплетна форма нема да се постигне само од себе, туку само со сила на радикална општествена промена. Неговата реализација бара, помалку или повеќе пролонгиран општествено-револуционерен процес, кој е управуван од оганизирани сили на работничкиот труд одејќи по одреден пат.

Нашата задача е да го посочиме тој пат тука и сега, да се детерминираат позитивните, практични проблеми што ќе ги конфронтираат работниците од првиот ден на општествената револуција. Самата судбина на општествената револуција ќе зависи од правилното решавање на овие проблеми.

Јасно е и без да се напомене дека, конструкцијата на новото општество ќе биде возможна само откако работниците ќе триумфираат над присутниот буржоаски капиталистички систем и неговите претставници. Конструкцијата на новата економија и новите општествени релации, не може да започне се додека моќта на државата која го брани ропството, не биде смачкана, се додека индустриските работници и селаните не земат водство во индустриската и аграрна економија на земјата по пат на револуција.

Како резултат, првата задача на општествената револуција е уништувањето на државната машина на капиталистичкото општество, да се симне буржоазијата, и поопшто, сите општествени привилегирани елементи од нивната моќ, и универзално да се воспостави волјата на бунтовните работници како артикулирачки во потцртаните принципи на општествената револуција. Оваа деструктивна и агресивна страна на револуцијата ќе го исчисти патот за позитивните задачи што се од вистинско значење и суштина за општествената револуција.

Тие задачи следат:

а. Да се најде анархистичко решение за проблемот на (индустриското) производство на земјата.

б. Да се реши аграрното прашање на истиот начин.

в. Да се реши проблемот на консумпција (прехрамбените залихи).

Производство

Имајќи на ум дека индустријата на земјата е резултат на трудот на многу генерации на работници и дека различните гранки на индустријата се тесно поврзани, ние гледаме на производството како целина како една голема работолница на произведителите, која комплетно припаѓа на работниците како цело и на никој посебно.

Производствеата машинерија на земјата е целина и припаѓа на целата работничка класа. Ова го одредува карактерот и формата на новиот систем на производство. Тој исто така ќе се обедини како целина, заеднички во онаа смисла каде продуктите, произведени од произведителите, ќе припаѓаат на секого. Тие продукти, од било каков тип, ќе го претставуваат генералниот фонд на залихи за работниците, од кој секој учесник во новиот систем на производствоќе прими се што има потреба, на еднакво ниво како и сите други.

Новиот систем на производство наполно ќе го отфрли ропството на исплата и екплоатацијата во сите нивни форми и на нивно место ќе го воспостави принципот на другарска соработка помеѓу работниците.

Средната класа која во модерното капиталистичко општество извршува средни функции (комерција, итн.), како и буржоазијата, ќе треба да ја одигра својата улога во новиот систем на производство на исто ниво како и сите други. Инаку, овие класи ќе бидат сместени надвор од работничкото општество.

Нема да постојат шефови, ниту претприемачи, ниту сопственици или државна сопственост (како што може да се најде денес во болшевичката држава). Во новиот систем на производство, функциите на организирање ќе деволвираат над специјално создадените агенции, наменски изградени од работничките маси: работнички совети, работни комитети или работнички администрации на фабриките. Овие агенции, одржувајќи комуникација една со друга на општинско, провинциско ниво или ниво на земја, ќе ги направат општинските, провинциските и потоа генералните (федерални) институции за управување и адинистрација на производството. Назначени од масите и континуирано подложни на нивно надгледување и контрола, овие тела ќе бидат константно обновувани, а со тоа ќе се постигне идејата за вистинско само-управување на масите.

Унифицираното производство, во кое средставата за производство и нивниот плод ќе припаѓаат на сите, ропството на исплата заменето со принципот на другарска соработка и еднаквост на правата на сите производители како воспоставен факт, производството надгледувано од телата на работничките администрации бирани од масите: овие се практичните први чекори на патот за реализацијата на анархистичкиот комунизам.

Консумпција

Проблемот на консумпција ќе се покрене за време на револуцијата како дуално прашање. Прво, принципот на воспоставување на ресурси на прехрамбени залихи. Второ, принципот на дистрибуција на овие залихи.

Што се однесува на дистрибуцијата на прехрамбени залихи, решението на ова прашање ќе мести стожер главно на квантитетот на достапните добра, принципот на експедитивност, итн.

При реконструирањето на сиот воспоставен општествен поредок, општествената револуција ја претпоставува како нејзина обврската за суштинските потреби на сите. Единстевн исклучок ќе бидат оние кои нема да работат, кои одбиваат да ја одиграат нивната улога во новиот систем на производство на контра-револуционерна основа. Но, генерално земено, и со исклучок на последната категорија на луѓе, сите потреби на целата популација во регионот каде што општествената револуција се одвива, ќе бидат исполнети од генералниот фонд на прехрамбени залихи.Доколку квантитетот на добра се покаже како недоволен, тие ќе бидат алоциранои според потреба, со приоритет на децата, болните и работничките фамилии.

Потежок проблем би бил организирањето на генералниот фонд на прехрамбени залихи.

Несомнено, во раните денови на револуцијата, градовите ќе бидат во недостаок од некои основни суштински потреби на населението. Во исто време, селаните ќе имаат голема исполнетост во произведувањето за градовите.

За анархистите, нема да постои сомнеж за заемноста на релациите помеѓу работниците во градовите и работниците во селата. Анархистите веруваат дека општествената револуција не може да се постигне освен преку концентриран напор на работниците и селаните. Следствено, решението на проблемот на консумпција во револуцијата ќе биде возможно само преку тесна револуционерна соработка помежу двете класи на работници.

Со цел да се воспостави оваа соработка, урбаната работничка класа ако се претпостави дека ја има контролата на производство, мора веднаш да ги пресмета основните потреби и на оние од селата и стремежот да ги снабди со нивните секојдневно консумерски добра како и средставата и инструментите за култивација на земјата. Гестовите на солдарност од страна на урбаните работнициво исполнувањето на потребите на селаните ќе повлече слична реакција, и како возврат селаните колективно ќе ги снабдуваат градовите со производите од руралното производство, особено со прехрана.

Генералните работничко-селански кооперативи ќе бидат примарно органи за задоволување на прехрамбените побарувања и економските потреби на градовите и селата. Подоцна, со поголемата одговорност за справување со пошироки и порегуларни задачи, како позабележителни снабдувањето на се што е потребно за подршка и развој на економскиот и општествен живот на работниците и селаните, овие кооперативи ќе бидат конвертирани во перманентни агенции за снабдување за градот и селото.

Ова решение на проблемот со снабдување со храна ќе му овозможи на урбаниот пролетаријат да воспостави постојан фонд на провизии кои ќе имаат фаворизиран и круцијален удел во судбината на новиот систем на производство.

author by ГРACpublication date Tue Jul 29, 2008 19:05author address author phone Report this post to the editors

Земјата

Во решението на аграрното прашање, ние ги сметаме селанските работници - оние кои не го експлоатираат туѓиот труд - и руралниот пролетеријат кој заработува со исплата, како главните револуционерни креативни сили. Нивната мисија ќе биде да спроведе новата пресраспределба на земјиштето, така што земјата може да се користи и култивира по комунистички линии.

Како и индустријата, земјата, поделена и култивирана со генерации на работници, е продукт на напорите на тие работници. Таа исто така припаѓа на работните луѓе во целина, на никому посебно. Како заедничка и неотуѓва сопственост на работниците, земјата не може да биде предмет на купо-продажба. Ниту пак може да се издава од еден или друг, ниту да служи како средство за екплоатирање на трудот на некого.

Земјата е исто така еден вид на јавна работилница каде работничките луѓе ги произведуваат средствата за опстојување. Но тоа е тип на работилница каде, како резултат на одредени историски околности, секој работник (селанец) се навикнал да работи сам, продавајќи ги своите производи независно од другите произведители. Додека пак во индустријата колективниот (комунистички) модел на труд е витално потребен и е единствениот изводлив, во земјоделието денес не е единствениот изводлив метод. Мнозинството од селаните ја рабоат земјата користејќи индивидуални методи.

Како резултат, кога земјата и средствата за работа ќе поминат во рацете на селаните, без можноста за продажба или наемнина, прашањето за како да се користи и што треба да се култивира (на нивото на комуна или фамилија) нема да биде целосно и дефинитивно веднаш решено, како што ќе биде и случајот со индустријата. Како почеток, ние најверојатно ќе ги користиме овие два методи.

Крајната шема на држење на земја и нејзино користење ќе се одлучи од самото револуционерно селанство. Нема да постои надворешен притисок за ова прашање.

Сепак, бидејќи ние сметаме дека само комунистичкото општество, во чие име општествената револуција ќе биде направена, може да ги ослободи работниците од ропство и експлоатација и да ги обезбеди со целосна слобода и еднаквост; бидејќи огромното мнозинство на селаните (речиси 85% во Русија) и како резултат на тоа, аграрниот систем посвоен од селаните ќе биде круцијален фактор во одлучувањето на судбината на револуцијата,и конечно, бидејќи приватното претпријатије во земјоделието, како и приватното претпријатије во индустријата, води до комерција, акумулација на приватна сопственост и реставрација на капиталот, наша одговорност е токму сега да направиме се во наша моќ да се осигураме дека аграрното прашање ќе биде решено во колективни линии.

На овој крај ние сега треба да започнеме да спровуваме интензивна пропаганда помеѓу селаните за доброто на комунистичкото држење на земјата и комунистичката култивација на почвата.

Создавањето на специфична селанска унија со анархистички видик ќе биде од значајна помош во овој потфат.

Во овој поглед, техничките предности ќе имаат енормно значење во олеснувањето на развојот на земјоделството, како и постигнувањето на комунизам во градовите, пред се во индустријата. Ако во нивната работа со селаните, аботниците работат не како одделни групи, туку како голем комунистички колектив кој ја опфаќа секоја гранка од производството, ако помислат на суштинските потреби на селото, и го снабдат секое село, не само со секојдневните потребни работи, туку и со алатките и машинеријата за колективна култивација на земјата, ове несомнено ќе ги повлече селаните кон комунизам во земјоделието.

Одбрана на револуцијата

Одбраната на револуцијата е исто така еден од проблемите на "првиот ден". Во суштина, најмоќната одбрана на револуцијата е успешното решение на предизиците со кои се соочува: проблемите на производство и консумпција, и прашањето за земјата. Откао овие пршања ќе се решат точно, ниедна контра-револуционерна сила би била способна за промена или пореметување на работничкото слободно општество. Сепак, работниците ќе се соочат со горчливата борба против непријателите на револуцијата со цел да се одбрани нивното физичко постоење.

Општествената револуција, која се заканува на привилегиите и на самото постоење на не-работничките класи на денешното општество, неизбежно ќе го испровоцира отпорот на овие класи што ќе земе форма на злобна граѓанска војна.

Како што покажа руското искуство, таквата граѓанска војна нема да биде работа која ќе трае неколку месеци, туку неколку години.

Колку и да бидат успешни работниците во првите неколку чекори на почетокот на револуцијата, владејачките класи ќе задржат голем капацитет за отпор за подолго време, и после одреден период од неколку години тие ќе ја нападнат револуцијата, обидувајќи да ја зграпчат назад моќта и привилегиите што им беа одземени.

Голема и добро опремена армија, подржана од воени стратези и поткрепена со капитал - сево ова ќе биде без семе против победоносните работници.

Ако работниците сакаат да ги задржат придобивките од револуцијата, тие ќе треба да формираат органи за одбрана на револуцијата, со цел да придобие боречка сила што е еднаква на задачата, против нападот на реакцијата. Во најраните денови на револуцијата, боречката сила ќе се состои од сите работници и селани кои ќе бидат наоружани. Но, оваа импровизирана вооружена сила би била изводлива во најраните денови, кога граѓанската војна сеуште не го достигнала својот врв и двете спротивставени страни не воспоставиле регуларни воени организации.

Најкритичниот јазол во општествената револуција не е моментот кога авторитетот ќе биде отфрлен, туку времето потоа кога силите на протераниот режим ќе започне со генерална офанзива против работниците, кога придобивките што биле постигнати мора да се заштитат.

Природата на таа офанзива, оружјето користено во текот на граѓанската војна ќе бара од работниците да создадат специфични воени револуционерни тела. Природата и темелните принципи на овие едници мора да бидат поставени однапред. Во одбивањето на државничките и авторитарните методи на контролирањето на масите, ние следствено го одбиваме државничкиот начин на организирање на работничките воени сили, т.е. ние го одбиваме принципот на армија базирана на задолжителна воена должност. Доброволниот принцип, според основните доктрини на анархизмот, ќе ја обезбеди базата на работничките воени тела. Револционерните партизански рздвоени групи на работници и селани за време на руската револуција може да се наведат како примери на такви структури.

Сепак доброволната револуционерна служба и партизанска активност не треба да се интерпретира во тесната смисла на зборот, т.е. како борба започната од работничките и селанските сили против локалниот непријател, без координација во облик на сеопфатен оперативен план, каде секоја единица работи под сосптвена иницијатива. Кога тие ќе бидат целосно развиени, партизанските акции и тактики во револуцијата ќе бидат водени од заедничка воена и револуционерна стратегија.

Како и во декоја војна, граѓанската војна ќе се води успешно од работниците само ако двата фундаментални принципи на воената активност се следат: единство во оперативното планирање и единство на заедничката команда. Најкритичното време на револуцијата ќе биде кога буржазијата ќе маршира како организирана сила против револуцијата, што ќе бара од работниците да имаат засолниште во овие принципи на воена стратегија.

Оттука, со дадените потреби за воената стратегија и стратегијата на контра-револуцијата, вооружените сили на револуцијата неизбежно ќе мораат да се здружат во заедничка револуционерна армија, со заедничка команда и заеднички оперативен план.

Таа армија ќе биде основана на следниве основни принципи:

А. класната природа на армијата;
Б. доброволната воена служба (цела коерција е исклучена во прашањето на одбраната на револуцијата);
В. револуционерна само-дисциплина (доброволната воена служба и револуционерната само-дисциплина се комплементираат заеднички на секој начин, и служба да се направи револуционерната армија посилна од секоја друга државна армија);
Д. тоталната послушност на револуционерната армија на работничките и селанските маси како што се претставени од генералните работнички и селански тела преку земјата, кои ќе бидат креирани од масите во моментот на револуцијата, со дадената задача на предвидување на економскиот и општествен живот.

Со други зборови, органот за одбрана на револуцијата, кој е задолжен за борба со контра-револуцијата и на отворените воени фронтови како и на прикриените фронтови на граѓанската војна (завери од буржазијата, подготвувањето на бунтовите, итн.), ќе бидат под комплетна контрола на највисоките работнички и селански рпоизводтствени организации - ќе биде одговорен пред нив и пред нивната политичка насока.

NB: Додека револуционерната армија има потреба од структурирање со одредени анархистички принципи, не треба да се смета како точка на принцип. Тоа е само последица од воената стратегија во револуцијата, стратешка мерка која процесот на граѓанската војна несомнено ќе ги присили да ја земат. Но, оваа мерка треба да биде во фокусот на нашето внимание дури сега. Мора да се проучи темелно дури сега, така што би се избегнале фатални задоцнувања при заштитувањето и одбраната на револуцијата, бидејќи во време на граѓанската војна, задоцнувањата можат да се покажат како фатални за резултатот од целата општествена револуција.

author by ГРACpublication date Tue Jul 29, 2008 19:12author address author phone Report this post to the editors

ОРГАНИЗАЦИОНЕН ДЕЛ

Принципите на анархистичка организација

Генералните конструктивни принципи поставено погоре ја претставуваат организационата платформа на револуциоерните сили на анархизмот.

Оваа платформа е градена околу одредено теоретско тактичко гледиште. Ова е минималното заокружување под кое сите милитанти на организираното анархистичко движење мора да се соберат.

Задачата на платформата е да ги собере сите здрави елементи од анархистичкото движење во единствен актив и контуинирано да се работи на организацијата, Генералниот сојуз на анархисти. Сите активни милитанти на анархизмот мора да ги насочат своите ресурси во креирањето на оваа организација.

Основните организациони принципи на Генералниот сојуз на анархисти се следниве:

1. Единство во теорија

Теоријата е сила која ја води активноста на индивидуалните луѓе и индивидуалните организации по одреден пат кон одредена цел. Природно, таа мора да се сподели со сите личности и сите организации кои ќе се приклучат на Генералниот сојуз. Активноста на Генералниот анархистички сојуз, и општо и во деталност, мора да биде пефектно конзистентна со теоретските принципи изнесени од сообранието.

2. Единство во тактитки или колективен метод на акција

Тактичките методи применувани од индивидуалните членови или групи во сојузот мора исто така да бидат обединети, строго конзистентни едни со други како и со целокупната теорија и тактика на сојузот.

Споделувајќи генерална (заедничка) тактичка линија во движењето е од круцијално значење за постоењето на организацијата и на целото движење: го ослободува движењето од конфузијата што се покренува од повеќето меѓусебно антагонистички тактики и ги фокусира сите сили на движењето во заедничка насока што води до одредена цел.

3. Колективна одговорност

Праксата на работењето на одговорноста на една личност мора строго да се осуди и отфрли од редовите на анархистичкото движење.

Областите на револуционерниот, општествениот и политичкиот живот се длабоко колективни по природа. Револуционерната јавна активност во тие области не можат да бидат базирани на индивидуалната одговорност на поедините милитанти.

Генералното извршно тела на анархистичкото движење - анархистичкиот сојуз - зазема одлучен став против тактики на не пресметливиот индивидуализам и го воведува принципот на колективна одговорност во редовите: сојузот во целина е одговорно за револуционерната и политичката активност на секој член од сојузот; исто така ,секој од неговите членови е одговорен за револуционерната и политичката активност на сојузот како цело.

4. Федерализам

Анархизмот отсекогаш ја одбивал централизираната организација и каде општествениот живот на масите е во прашање и како и во областа на својата политичка активност. Системот на централизација се потпира над загушување на духот на критицизмот, иницијативата и независноста на секоја индивидуа и над слепата послушност на масите кон "центарот". Природата и неизбежната последица од овој систем е поробувањето и механизацијата, и на јавниот живот и на животот на партиите.

Во спротивност на централизмот, анархизмот отсекогаш го предлагал и бранел принципот на федерализам, што ги комбинира независноста на индивидуаа или организацијата со нивните иницијативи и сервиси за заедничката кауза.

Со комбинирање на идејата за независнот и исполнување на секое право на индивидуата во служба на општествените потреби и инстинкти, федерализмот го асфалтира патот за секоја целосна манифестација на факултетите на секоја индивидуа.

Но многу често федералистичкиот принцип бил деформиран во анархистичките редови; премногу често бил земан за значење примарно на правото да се покаже нечие его и да се занемарат обврските кон организацијата.

Оваа дисторзија предизвика голема неорганизираност во нашето движење во минатото, и време е да се стави крај на тоа еднаш засекогаш.

Федерализмот значи слободен договор на индиавидуи и цели организации на колективен стремеж, со цел да се постигне заедничка цел.

Сега, секој таков договор во било која федеративна унија може да стане реалност (наместо постоење само на хартија) ако суштинските услови се исполнети каде сите страни на договорот и на унијата целосно ги почитуваат обврските што ги зеле и се справуваат со одлуките кои се донесени заедно.

Во секој општествен проект, без разлика колку големи се федералистичките бази над кои што се гради, нема да постојат права без одговорност, како што нема да има одлуки без овие да се имплементираат. Тоа е се понприфатливо во анархистичка организација која презема обврски само на себе без оглед на работниците и општествената револуција.

Како резултат, федералистичкиот тип на анархистички организации, додека се признава правото на секој член на организацијата за независност, слобода на мислење, лична иницијатива и индивидуална слобода, доверува на секој член одредени организациони должности, барајќи тие целосно да се извршат и нивните заеднички одлуки да се спроведат на дело.

Само на овој начин федералистичкиот принцип оживува и анахистичката организација функционира правилно и се движи кон целта што ја има поставено.

Идејата на Генералниот сојуз на анархисти го покренува прашањето на координација на активностите на сите сили на анархистичкото движење.

Секоја организација здружена со сојузот, претставува жива ќелија што е дел од целиот организам. Секоја ќелија има свој секретаријат за олеснување на активностите и за обезбедување на теоретско и политичко водење.

Со цел да се координираат активностите на сите придружни организации на сообранието, треба да се воспостави специјално тело во форма на извршен комитет на унијата. Следните функции ќе бидат пропишани на тој комитет: имплементација на одлуките донесени од сојузот, како што е назначено; надгледување на активноста и теоретскиот развој на индивидуалните организации, со одржување на целосната теоретска и тактичка линија на сојузот; надгледување на генералната состојба на движењето; одржување на функционалните организациони врски помеѓу сите организации членови на сојузот, како и со сите други организации.

Правата, одговорностите и практичните задачи на извршниот комитет се поставени од конгресот на генералниот сојуз.

Генералниот сојуз на анархисти има одредена и добро дефинирана цел. За доброто на успехот на општествената револуција, мора пред се да ги одбере најкритичните и револуционерни елементи од селаните и работниците за нивно вклучување во него.

Како организација што промовира општествена револуција (и исто така анти-авторитарна организација) која бара непосредно уништување на класното општество, Генералниот сојуз на анархисти исто така се потпира и на две фундаментални класи од сегашното општество - работниците и селаните - и еднакво ја олеснува потрагата на двете за еманципација.

Што се однесува на урбаните работнички револуционерни трудови организации, генералниот сојуз на анархисти мора да се потруди да стане нивни пионер и теоретски ментор.

Генералниот сојуз на анархисти си ги поставува себе си истите задачи кога се во прашање експлоатираните селански маси, да служи на својата основа, играјќи ја истата улога како и урбаните работнички класи револуционерните синдикати, тоа мора да се обиде да развие мрежа од револуционерни селански економски организации, и понатаму, одреден Селански сојуз изграден на анти-авторитарни принципи.

Родено од масите на работниците, генералниот сојуз на анархисти мора да учествува во сите аспекти од нивниот живот, секогаш и секаде носејќи го духот на организација, истрајност, милитантност и волјата за да се продолжи со офанзивата.

Само тогаш ќе биде способно да ја исполни својата улога, да ја изврши својата теоретска и историска мисија во општествената револуција на работниците и да стане организираниот предводник во процесот на еманципација.

Number of comments per page
  
 
This page can be viewed in
English Italiano Deutsch
© 2005-2024 Anarkismo.net. Unless otherwise stated by the author, all content is free for non-commercial reuse, reprint, and rebroadcast, on the net and elsewhere. Opinions are those of the contributors and are not necessarily endorsed by Anarkismo.net. [ Disclaimer | Privacy ]